Колумбискиот голгетер Радамел Фалкао нема иднина во Англија! Тоа го пишува денеска англискиот „Дејли Меил“, повикувајќи се на извештајот за здравствената состојба на напаѓачот од лекарите на Манчестер Јунајтед.
Според лекарите на „црвените ѓаволи“, Фалкао уште не е на потребното физичко ниво и едвај ќе успее да се врати до крајот на сезоната. Фалкао го пропушти Мундијалот во Бразил поради повреда, а во времето потоа не успеа да влезе во потребната форма.
Кондиционите експерти на Јунајтед дале негативна оценка на неговата способност да се бори со локалните дефанзивци и дале препорака за повеќе активности во сала.
Фалкао е позајмен од Монако до крајот на сезоната, но со оглед неговата состојба во моментов, може и да се врати кај „кнезовите“ во текот на летото.
Тој ги пропушти исклучително важните средби со Челзи и Манчестер Сити од последните два круга во Премиерлигата. Во идното лето Манчестер Јунајтед треба да му доплати на Монако скоро 44 милиони фунти за да се здобијат со правата на Фалкао, но останува да се види дали тоа ќе се оствари.