19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвид Џејмс продава дресови за да преживее!

Дејвид Џејмс продава дресови за да преживее!

dzejms

Дека е тенка линијата од славата, богатството, од патот поплочен со ѕвезди до трње и стакло под нозете ни покажува случајот со Дејвид Џејмс, англискиот голман кој е впечатлива фигура во фудбалот.

Од Вотфорд, Ливерпул, Манчестер Сити, Портсмут, англиската репрезентација, па до исландски Вестманејар и сега индиски Керала, чудесен е патот по кој мина Дејвид Џејмс.

Не само како фудбалер, туку и како манекен кој соработуваше со „Армани“, „H&M“…, Џејмс е познат и по својата хуманитарна работа. Учествуваше во бројни друштвено одговорни акции, во Африка ја подигнуваше свеста кај луѓето за „HIV“ и проблемите со сидата, овозможуваше поврзување на ученици од Малави со Универзитетот Вестминстер, но тој е и глобален амбасадор на Специјалната олимпијада, за лицата со инвалидитет.

dzejms3

Истакната личност во секоја смисла, не само по бројот на фризури со кои му парираше на Дејвид Бекам, Џејмс инаку е и писател, а неговата колумна се чита во „Оберсервер“, а работеше и како илустратор за детски книги кои ги подготви неговиот пријател, Стив Пирсон.

Моментално, фудбалот и натаму му е приоритет, ангажиран е како играч/тренер во Керала, но тој се наоѓа во големи проблеми.

Во мај оваа година прогласи банкрот. Иако во текот на кариерата заработи околу 20 милиони фунти, неговите долгови се зголемија, особено во периодот од разводот со сопругата во 2005-та година.

Со цел да исплива на површината, да заработи малку пари за да „остане во живот“, Џејмс се одлучи на несекојдневен потег, кој само го покажува интезитетот на проблемите и состојбата во која се наоѓа.

dzejms1

Имено, тој одлучи да ја стави на продажба својата лична колекција на спортски предмети, реквизити и одбележја кои ги има собрано во текот на кариерата. Вкупно 150 потпишани дресови, оргинални топки од натпреварите на кои учествувал.

Финансиските проблеми го натераа да ги продадва своите спомени, да го избрише секој траг од кариерата, која според сите параметри може да се опише како успешна.

Можеби сакате да му помогнете? Овде можете да купите некој од неговите дресови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП