17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМацари е безбеден до јуни!

Мацари е безбеден до јуни!

Italy Soccer Serie A

Спортскиот директор на Интер, Maрко Фасоне изјави дека тренерот Валтер Мацари ќе остане во клубот најмалку до крајот на сезоната.

Веќе со недели се шпеклира дека Мацари ќе добие отказ поради лошите резултати на тимот од стартот на сезоната, но раководството на „нероазурите“ стави точка на оваа приказна.

Мацари беше мета на навивачите по поразот од Парма (2:0), кои истакнаа транспарент преку кој бараа тој да биде отпуштен и да се врати Роберто Манчини.

„Причината за лошите резултати се проблемите со повредите на играчите, но и недостатокот на соодветни замени. Некои фудбалери се заморени затоа што редовно играат и тренерот нема никаква вина за тоа. Го почитуваме ставот на навивачите, дури и кога станува збор за помал број, но Мацари ќе биде тренер до јуни, а дури потоа ќе ја анализираме ситуацијата“, изјави Фасоне.

Како можни наследници на Мацари се споменуваат Синиша Михајловиќ и Валтер Зенга.

Интер по 10 одиграни кола во Серија А се наоѓа на деветото место на табелата со 15 бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП