17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал го посакува Перез

Ван Гал го посакува Перез

enzo_13

Англиските медиуми јавуваат дека Манчестер Јунајтед за во јануари подготвил 23.5 милиони фунти за фудбалерот на Бенфика, Енцо Перез.

Луи Ван Гал сака уште еден Аргентинец во своите редови, а тоа е пријателот на Анхел ди Марија и Маркос Рохо, чија откупна клаузула во договорот со португалскиот клуб изнесува токму 23.5 милиони фунти.

Клубот од „Олд Трафорд“ во текот на летото го поврзуваа со споменатиот фудбалер, но тогаш Перез потпиша нов четиригодишен договор со Бенфика.

Сепак, цената останува иста, клаузулата не се промени и холандскиот тренер сега сака да ги ангажира своите фудбалери да го убедат пријателот и сонародник да се пресели во јануари во Манчестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП