Овен (21.03 – 20.04)
Вашите идеи за новата работа ви носат нови можности кои веројатно ќе ги искористите максимално. Ќе добиете повик од Лав или некоја Девица кои ви се наклонети и се подготвени да ги слушнат вашите проблеми. Релаксирајте се во друштво на пријателите.
Бик (21.04 – 21.05)
Транзитот на Месечината им одговара на оние кои работат со странци или во некоја голема приватна компанија. Ќе пронајдете нов извор на приходи кој ќе ви помогне да ја поправите вашата финансиска состојба, можно е да станува збор за маркетинг компанија или некој приватен бизнис. Очекувајте да добиете поволна понуда од некој Лав.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потребен ви е совет во врска со решавањето на финансиските проблеми и ќе успеете да го добиете од лицето во кое имате голема доверба. Не ветувајте премногу нешта кои реално не можете да ги реализирате. Не навлегувајте во кавга со оние кои не можат да сватат дека некои проблеми ви ја отежнуваат ситуацијата за напредок. Можна е вест од Вага која често ви контрира.
Рак (22.06 – 22.07)
Ако сте успеале да ги придобиете Јарецот и Бикот ќе можете да започнете со некоја многу интересна заедничка работа. За вас тоа ќе значи проширување на кругот на пријатели и колеги. Ако барате повеќе финансиски средства, ќе ви помогнат идеите на некој Стрелец или Водолија на кои уште одамна сте оставиле добар впечаток.
Лав (23.07 – 22.08)
Сакате денес да имате помалку работа и вашите обврски да им ги префрлите на колегите кои бурно ќе реагираат на тоа. Не манипулирајте и не ги лажете луѓето кои всушност финансиски ве обезбедуваат. Некој Бик и Јарец јасно ќе ви посочат дека повеќе нема да постои меѓусебна толеранција. Внимавајте, овој ден носи неповолни вести за вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Правите план како да дојдете блиску до некој кој ви значи и приватно и деловно, но тој воопшто не ги регистрира вашите напори. Ако станува збор за некој Јарец, Бик или Шкорпија, воопшто не се трудете, доколку тие донеле одлука да не контактираат со вас, тоа така и ќе остане. Нека не ве нервираат бурните реакции од колегите бидејќи сосема се во право кога станува збор за новиот проект за кој воопшто не се залагате.
Вага (23.09 – 22.10)
Транзитот на Месечината преку знакот Овен ви носи добри вести од некој кој добро го познавате и со кој во секој поглед добро се разбирате. Имате можност да склопите одлична работа со некоја активна и способна личност која покажува желба да ви помогне на деловното поле. Потпрете се на помладите колеги во кои имате голема доверба.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некоја блиска личност ќе ви се налути бидејќи во последниот период буквално не сте се ни сетиле на неа. Одделете време за неа, таа го заслужува вашето внимание. Не ги потценувајте лицата кои не се согласуваат со вашите ставови. Секој има свои замисли, фантазии и сфаќања и секој се бори за сопствената среќа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Бидете потпора и подршка за пријателот кој денес ќе тропне на вашата врата со милион проблеми. Помогнете му да пронајде решение и ангажирајте се финансиски да му помогнете. Овој ден е поволен за да направите неколку добри нешта со цел да им помогнете на другите лица. На работа буквално блескате, пофалбите пристигнуваат од сите страни.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе се двоумите за деловните потези, но некој Бик ќе ви покаже дека се исплти да бидете храбри. Среќата ќе ве прати постојано, па не се плашете да се вмешате во ризични проекти. Што и да допрете, ќе се претвора во злато. Запомнете, колку поголем е ризикот кој го преземате, толку поголема ќе биде заработката.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можно е да постојат мали несогласувања со семејството. Околностите, луѓето и случувањата се повеќе ќе ве наведуваат на тоа дека треба да поработите на својот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа, но ќе ги побарате сите информации кои би можеле да ви помогнат.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе имате многу планови, а малку остварувања, но за тоа не сте виновни вие, некој ви ги заматува работите. Приликите за развој на кариерата наскоро ќе бидат поврзани со борба и стрес. На вас останува да ги процените својата сила и силата на противникот, па да постапите реално и паметно. Важно е да ги штедите силите.