23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали знаете кој е најплатениот играч во Серија А?

Дали знаете кој е најплатениот играч во Серија А?

plata pogba

До пред неколку дена стануваше збор за Даниеле де Роси, но изгледа тој ќе добие наследник. Сепак, тоа ќе зависи од бонусите.

Пол Погба потпиша нов договор со Јувентус, а со тоа „бјанконерите“ успеаа да ги одбијат нападите на најголемите клубови во Европа. Младиот Французин и не беше нешто мотивиран да замине, а според новата платна структура би можел да стане најплатениот играч во Серија А.

Неговата основна плата ќе биде 4.5 милиони евра, но во договорот има бонуси од 2 милиони и тоа за работи кои тешко се достигнуваат. Станува збор за мали суми за голови и асистенции, но тоа клучното не е поврзано со квалитетот на настапи.

Ако се активира клаузулата за бројот на настапи, платата на Погба во наредните три години ќе биде 6.5 милиони евра или најголема на Апенините.

Покрај Де Роси, поголема плата од Погба има Игуаин, а Французинот со основната плата се изедначи со клупските колеги Тевез и Видал. Аргентинецот минатата година заработи повеќе затоа што беше најдобар стрелец во екипата и еден од голгетерите во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП