20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСанчез го одбра Арсенал, иако Ливерпул нудел повеќе!

Санчез го одбра Арсенал, иако Ливерпул нудел повеќе!

aleskis sancez 4390

Арсенал го победил Ливерпул во трката за Санчез, а најзаслужен за тоа бил токму Чилеанецот.

Кога Барселона испрати сигнал дека ќе го пушти Алексис Санчез по Мундијалот, многу клубови застана во ред.

Но, тој стана нов член на Арсенал и тоа се покажа како вистински погодок, но интересно е дека Ливерпул и испратил на Барселона подобра понуда!

Имено, „црвените“ понудиле скоро четири милиони фунти повеќе од Арсенал, но Барселона на инсистирање на Санчез ја прифатила понудата на „топџиите“. Иако Ливерпул заврши како втор во минатата сезона, Алексис, најверојатно сакал да се пресели на „Емирати“, затоа што сметал дека тоа е подобар клуб и подобра средина за него.

Судејќи според неговите игри, тој не погреши, иако се надеваше дека Арсенал ќе биде подобро пласиран.

Сепак, ниту на Ливерпул не му цветаат рози, но прашање е како екипата на Брендан Роџерс би изгледала, доколку тој успеел наместо Балотели да го доведе Санчез!?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП