5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung повеќе не сака да му плаќа на Microsoft зa Android

Samsung повеќе не сака да му плаќа на Microsoft зa Android

sams sud 3

Познат е фактот дека производителите на уреди со „Android“ му плаќаат на „Microsoft“ лиценци за користење на патентите од заштитената технологија.

Со оглед дека „Samsung“ е водечки производител на уреди со „Android“, плаќа и најголем износ – за минатата година тие платија милијарда долари за продадени 300 милиони уреди.

Во „Samsung“ сметаат дека е неоправдано „Microsoft“ да бара плаќање на лиценци за користење на патенти со оглед дека компаниите се конкуренти на пазарот на мобилни уреди.

Тие тврдат дека со аквизицијата на мобилното одделение на „Nokiа“, „Microsoft“ го прекршил договорот за плаќање на патенти од 2011-та година. Исто така, сметаат дека делењето на доверливи бизнис информации, што го бара договорот за лиценцирање, со конкурентот на пазарот не е дозволено.

Samsung“ од претходно се обиде ја да оспори валидноста на патентите, а сега се обидува да ја оспори и валидноста на договорот врз темел на кршење на нечелата за компетитивност.

Од „Microsoft“ беа запрашани за коментар, и изјавија дека веруваат дека имаат силни аргументи, т.е. дека во судска постапка со сигурност ќе обезбедат триумф во нивна корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП