1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Стојановски повторно во МЗТ

Официјално: Стојановски повторно во МЗТ

dami

Дамјан Стојановски од денеска и официјално се врати во МЗТ Скопје Аеродром, соопштија од таборот на македонскиот кошаркарски шампион.

Стојановски го стави својот потпис на договорот според кој се обврзува до крајот на сезоната да игра за клубот од Аеродром.

Македонскиот репрезентативец веднаш почнува со тренинзи и се очекува да биде големо засилување за МЗТ Скопје пред претстојното вечно дерби в среда со Работнички.

Изминатава недела за МЗТ потпишаа и Црногорецот Сеад Шеховиќ, исто така повратник во македонскиот шампион, како и Американецот Дион Диксон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП