3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Перси во јануари го напушта „Олд Трафорд“!?

Ван Перси во јануари го напушта „Олд Трафорд“!?

van leave1

Се шпекулира дека Робин ван Перси е незадоволен во Јунајтед и дека би можел да си замине веќе во јануари?

По извонредната прва сезона во Јунајтед, кога практично сам им ја донесе титулата на „ѓаволите“, Ван Перси беше многу слаб во втората, а во оваа се прикажува во бледо издание.

Иако тука е Ван Гал, со кој одлично соработуваше во Холандија, Ван Перси најверојатно сака да ја промени средината, со цел да си обезеди „тежок“ договор за наредните неколку години.

Холанѓанецот веќе има 31 година, има историја тешки повреди и многу е дискутабилно дали некој клуб, со исклучок на оние од Емиратите или САД, би ја платиле сумата која тој ја очекува во следните неколку години.

Затоа сега, додека може, има намера да си обезбеди уште еден солиден договор.

Турски интернет страни објавија дека Фенербахче контактирал со агентот на Ван Перси и дека дури започнале со преговори!

Ван Перси сака плата од 300.000 фунти (во Јунајтед има 250.000), а Турците најверојатно сакаат да му излезат во пресрет.

Сепак, целата оваа приказна не делува претерано логично, иако Јунајтед има многу играчи во нападот, се знае колку Ван Гал го цени својот сонародник и дека тешко е да се очекува дека ќе се случи раскинување на соработката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП