22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне ќе го менува Пелегрини!?

Симеоне ќе го менува Пелегрини!?

manuel-and-diego-e

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е главен кандидат за заменик на Мануел Пелегрини на чело на Манчестер Сити, тврдат медиуми на Островот.

Според некои од нив, Аргентинецот ќе го замени Чилеанецот на чело на „граѓаните“, ако клубот не успее да ги постигне поставените цели и ќе дојде до разрешување на Пелегрини.

Иако ја донесе титулата и Лига Купот на Манчестер Сити уште во својата прва сезона на чело на тимот, во моментов се повеќе се зборува дека раководството на „граѓаните“ не е задоволно од развојот на тимот во оваа сезона.

Тие имаат претензии кон резултати на тимот, како во првенството, така и во Лигата на Шампионите. Ако Сити не успее да се пласира во 1/8-финалето во Лигата на Шампионите, или ако изостане сериозно во битката за титулата во Премиерлигата, тоа речиси сигурно ќе го натера раководството на клубот да го отпушти Пелегрини и да се обиде да ги обезбеди услугите на Симеоне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП