20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити не можел да си го дозволи Ди Марија!

Сити не можел да си го дозволи Ди Марија!

angelco 3

Менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини изјави дека клубот не можел да си дозволи да го купи Анхел Ди Марија поради финансискиот ферплеј.

Како што е познато, Аргентинецот премина од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за 76 милиони евра, а „граѓаните“ воопшто не се вклучија во трката за неговиот потпис, бидејќи беа казнети од УЕФА со 60 милиони евра за прекршување на финансискиот ферплеј.

„Објаснувањето е многу едноставно – ние имавме големи рестрикции на буџетот во оваа година. Не можевме да ги потрошиме парите кои Јунајтед ги оддели за привлекување на Ди Марија“, рече Пелегрини.

„Исто така имавме ограничување за бројот на фудбалерите кои можеме да ги користиме оваа година и за сумите кои можеме да го потрошиме“, продолжи Чилеанецот, кој ги коментираше и квалитетите на крилото пред утрешното дерби со „ѓаволите“.

„Ако ме прашате дали Ди Марија е добар фудбалер – да, тој е таков. Тој е многу корисен за секој тим. Ди Марија е многу добар играч, но тој не е единствениот добар фудбалер на Манчестер Јунајтед“, дипломатски заврши Пелегрини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП