2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГугл ќе создава компјутер кој самиот ќе се програмира

Гугл ќе создава компјутер кој самиот ќе се програмира

T

Истражувачите на Гугл, кои се занимаваат со вештачка интелегенција, откриле дека работат на создавање компјутер кој еден ден ќе може самиот да се програмира.

Програмерите се обидуваат со овој компјутер да ги доловат одредени својства на човечкиот мозок во поглед на краткорочната работна меморија.

Со комбинирање на начините на кои функционираат обичните компјутери и начинот на кој функционира човечкиот мозок, истражувачите се надеваат дека машината ќе научи како сама да се програмира.

Опишан како „Neural Turing Machine“ овој компјутер може да учи и да складира сеќавања, а подоцна да ги користи за извршување логични задачи и надвор од дадената програма.

– Ја претставивме Neural Turing Machine, неурална архитектонска мрежа која е инспирирана од биолошката работна меморија и дизајнот на дигиталните компјутери. Нашите експерименти демонстрираат дека е способна да учи едноставни алгоритми од податоците и благодарејќи на нив да излезе надвор од режимот кој и е поставен, тврдат истражувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП