16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИкер си заминува, а на негово место доаѓа Лорис?

Икер си заминува, а на негово место доаѓа Лорис?

hugo iker 34

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид изгледа ќе се раздели со една од своите легенди во текот на летото, Икер Касиљас. Ова стана познато по информацијата дека „кралевите“ подготвуваат понуда за голманот на Тотенхем, Хуго Лорис.

Според медиумите во Англија, од Реал се подготвени да понудат околу 30 милиони евра за капитенот на француската репрезентација. Во пракса, ова значи дека Касиљас е непотребен, бидејќи во август беше купена костариканската сензација, Кеилор Навас.

Тренерот Карло Анчелоти продолжува да му дава шанси на 33-годишниот ветеран, но тој покажува дека е далеку од најдобрите денови, иако во последно време ги стабилизираше настапите. Но во Англија сметаат дека неговото време на „Бернабеу“ полека истекува.

Во исто време, Тотенхем располага со тројца одлични голмани и иако сакаат да го задржат Лорис, не би одбиле понуда од слична природа. Во моментов тие ги имаат уште Бред Фридел и Мишел Ворм.

Дали ќе дојде до договор, треба да почекаме до следното лето. До тогаш Касиљас има време да покаже дека ја заслужува довербата на Анчелоти, инаку нема да биде ништо чудно да му се наложи да си бара нов предизвик пред себе во залезот на кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП