16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон забележа рекордна добивка

Евертон забележа рекордна добивка

everton klub e

Англискиот премиерлигаш Евертон забележа рекордна добивка од 28,2 милиони фунти за финансиската 2013/2014 година.

Тимот од Ливерпул исто така запишаа и рекорден промет од 120 милиони фунти, што се должи во голема мера на подобрените параметри од телевизиски и спонзорски договори. Големите приходи му помогна на раководството на клубот да ги намали долговите од 45,3 милиони на 28,1 милиони фунти.

„Многу сме задоволни од постигнатите финансиски резултати, кои покажуваат дека се движиме во вистинската насока не само на теренот, но и надвор од него“, рече Бил Кенрајт, шеф на одборот на директори во Евертон.

Карамелите“ забележаа профит втора година по ред, откако минатата сезона тој беше скромни 1,6 милиони фунти.

Во финансиската анализа, сепак не се вклучени парите дадени за Ромелу Лукаку, како и оние за подобрените договори на менаџерот Роберто Мартинез, халфот Рос Баркли и дефанзивците Шејмс Коулман и Џон Стоунс. Тие ќе бидат дел од извештајот за сезоната 2014/15.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП