ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед го купува Фалкао за 56 милиони

Манчестер Јунајтед го купува Фалкао за 56 милиони

Britain Soccer Premier League

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед ќе го откупи комплетниот договор на Радамел Фалкао од Монако за 56 милиони евра.

Колумбискиот напаѓач ова лето дојде на едногодишна позајмица во Јунајтед со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната, што „Црвените ѓаволи“ ќе ја искористат.

Челниците на клубот се задоволни од играта на Фалкао, иако тој пропушти неколку натпревари поради проблеми со повредите.

Овој 28-годишен фудбалер во својата кариера играше и за Лансерс, Ривер Плата, Порто и Атлетико Мадрид.

За репрезентацијата на Колумбија тој одигра 54 натпревари и постигна 21 гол.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП