Овен (21.03 – 20.04)
Потребно е да обавите некој разговор со Рак, Овен или Лав и тоа да го направите што поскоро. Денес ќе се појават емотивни проблеми за кои решениe ќе најдете во пријателите и заедничкото излегување. Верувате во можноста некој Јарец да ви помогне.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате можност да се смирите со соработниците кои подолго време ви правеле проблеми. Немојте да мислите дека околината, пријателите и соработниците не ви се наклонети, всушност имате многу повеќе пријатели од тоа што претпоставувате. Загрижени сте поради финансискатa состојба, но ќе пронaјдете соодветно решение.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе водите интересни разговори, најверојатно со лицата кои се присутни во јавноста и од кои очекувате поддршка во врска со работата. Тие ќе ви дадат интересни предлози, можен е некаков нов облик на соработка кој би можел да биде од голема корист. Љубовниот живот ви е бајка, направете некој посериозен чекор.
Рак (22.06 – 22.07)
Се обидувате да промените нешто во својот став и да бидете потолерантни бидејќи сте повредиле некого. На некој не му се допаѓа вашето размислување и тоа отворено ќе ви го каже. Ако е во прашање Овен не започнувајте расправија, тој комплетно ќе ве демантира.
Лав (23.07 – 22.08)
Месечината на вас делува поттикнувачки во поглед на барањето на нови соработници или продолжение на соработката со досегашните или некои нови проекти. Не сте трпеливи кон оние кои самостојно работат и не се придржуваат до договорите. Некој ќе ве увери дека не сте во право.
Девица (23.08 – 22.09)
Обидете се да не дозволите да ве испровоцира некој Рак или Бик, кои имаат таква желба, а можно е да станува збор и за Близнаците. Ако имате намера да се занимавате со приватен бизнис, почекајте, ова не е поволен период за тоа. Обавете некој доверлив разговор со еден Овен.
Вага (23.09 – 22.10)
Со мала тактичност успеавте во остварувањето на вашата цел особено кога станува збор за еден Овен или некој Рак. Ако ја промените тактиката кон Рибите или Јарецот може уште полесно да ги остварите целите. Некој се обидува да воспостави контакт со вас. Би требало да бидете поавторитативни кон една Водолија.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Овенот или Јарецот ви се наклонети иако тоа не ви изгледа така на прв поглед. Денес ќе дознаете нешто многу важно поврзано со еден Стрелец или Бик и таа информација ќе ви биде од голема корист во вашите планови. Не ги игнорирајте пријателите, закажете заедничко мини патување. Некоја Девица ќе настојува на разговор во четири очи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе ви се пружи можност да се сретнете со некои роднини или пријатели со кои секогаш сте биле многу блиски, а долго време не сте ги виделе. Би требало малку поинвентивно да изработите план кога станува збор за состојбата на финансиски средства и нивната распределба. Можна е кавга со некое многу блиско лице.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денот ќе ви биде полн со некои неочекувани изненадувања и возбудувања. Ќе ги отфрлите финансиските проблеми и ќе и се препуштите на среќата. Можно е некој Лав да ве подржи во нешто, а вие тоа да не го очекувате. Бидете подготвени за отворен разговор со Водолија или Лав.
Водолија (21.01 – 19.02)
И покрај тоа што со сигурност знаете што сакате и како ќе постапите, сепак некој Бик ви ги мати плановите и ви создава сомнежи. Можеби треба да го послушате, тој е секогаш претпазлив. Вашето однесување ќе ја одалечи околината од вас. Ќе бидете сурови во постапките и некого ќе повредите.
Риби (20.02 – 20.03)
Покажувате добра волја со ваша помош и асистенција да се реши некој проблем поради кој подолго време трпите притисок. Вашите напори ќе бидат големи а успесите мали, но не се разочарувајте. Денот не е поволен за искрени и интимни разговори со никого. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација.