26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал склучи договор со компанија од Абу Даби

Реал склучи договор со компанија од Абу Даби

real dogovor abu dabi

Реал Мадрид склучи долгорочен договор за партнерство со Абу Даби Интернешнл Петролеум Инвестмент.

Договорот ќе му помогне на европскиот клупски шампион да стане најбогатиот клуб во светот.

Тој вклучува и популаризација на шпанскиот гигант во различни делови на светот, создавање на музеи на „кралевите“ во неколку градови, како и основање на фудбалски академии.

„Овој договор ќе помогне за глобализација на средствата на Реал Мадрид во целиот свет. Нашата основна цел е да ги привлечеме младите во спортот и да го развиеме брендот Реал Мадрид во однос на фудбалските академии“, изјави Абдула ал-Кубаиси, извршен директор на Абу Даби ИПИ, по потпишувањето на договорот.

Во следните неколку години Абу Даби Интернешнл Петролеум Инвестмент ќе обезбеди голем дел од финансиските средства за реновирање на клупскиот стадион на Реал Мадрид во шпанската престолнина.

Деталите од договорот не беа соопштени, но шпанските медиуми шпекулираат дека тој е вреден околу 500 милиони евра и дека поголемиот дел од тие пари ќе бидат насочени за реновирање на „Стантијаго Бернабеу“, кој би можел да го промени името за таа цел.

„Мисијата на Реал е да биде најдобриот клуб во 21-виот век. Нашиот најголем предизвик е „Сантијаго Бернабеу“ да биде најдобриот стадион во светот. Овој договор гарантира успех, како на Реал, така и на компанијата од Абу Даби. Тоа ќе ни помогне да го промовираме клупскиот бренд на секој континент“, вели Перез.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП