
- Според динамичниот стрес тест на билансот
- Без да се земе предвид значителениот износ на дополнителниот капитал кој произлегува од новиот закон за даночен кредит


Поради тоа, не е потребно обезбедување на дополнителен капитал
Заедно со други 129 банки во Европа, НБГ учествуваше во ЕУ стрес тестот, воден од страна на ЕЦБ во соработка со Банката на Грција, за делот на системски важни банки од Грција. Оценувањето, кое започна во ноември 2013г. и траеше 12 месеци, овозможува воспоставување на системот за банкарска супервизија на Европско ниво (SSM – Single Supervisory Mechanism) и е препознаен како важен чекор кон поголема транспарентност во европскиот банкарски систем.
Вредно е да се напомене дека европските банки со одобрените планови за реструктуирање до 31.12.2013г. се оценувани по сценариото на Динамичен биланс, кој го зема предвид резултатот на горенаведените планови за реструктуирање, додека сите други банки се оценувани по сценариото на статичен биланс. Плановите за реструктуирање на грчките банки, чии планови за реструктуирање беа одобрени во 2014г. се оценувани по двете сценарија.
Резултатите за НБГ се следни:
Сите горенаведени бројки не го земаат предвид дополнителниот регулаторен капитал, кој треба да биде признаен како резултат на Законот за даночен кредит, изгласан на 16ти октомври 2014 година, во износ од 0.7 – 1.2 милијарди евра.
НБГ останува фокусирана на спроведувањето на својот план за реструктуирање, финансирање на опоравувањето на грчката економија и подржување на своите клиенти во регионот.