23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо убедливо најдобар во Шпанија (фото+видео)

Роналдо убедливо најдобар во Шпанија (фото+видео)

ronaldo nagradi1

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо очекувано освои најмногу награди на традиционалната церемонија на Шпанската фудбалска лига.

Португалецот беше избран за најдобар играч во изминатата сезона. Тој ја освои и наградата за најдобар стрелец, откако постигна 31 погодоци – со три повеќе од Диего Коста и Лионел Меси.

Третата награда на Роналдо е за најубав гол во сезоната. Тоа беше погодокот со пета во голот на Валенсија во 36-тото коло.

„Одлично е да се добие ваков хет-трик на награди. Сакам да им се заблагодарам за тоа на моите соиграчи, бидејќи без нив не би било можно да постигнам толку многу голови. Се надевам дека ќе се вратам и следната година и повторно да ги освојам сите овие награди“, изјави Роналдо.

Уште тројца играчи на Реал Мадрид си заминаа со награди од церемонијата. Серхио Рамос беше избран за најдобар дефанзивец, Лука Модриќ е најдобар дефанзивен играч за врска, а Кејлор Навас, кој во минатата сезона го носеше дресот на Леванте, е број 1 кај голманите.

Андрес Иниеста ја зеде наградата за најдобар напаѓачки халф во конуренција на Коке и Иван Ракитиќ. Хрватот, кој минатата сезона играше за Севиља, а во текот на летото премина во Барселона, ја доби наградата за фер игра.

ronaldo nagradi2

Карлос Бака од Севиља беше избран за најдобар јужноамерикански играч во Примера дивизион, а Брахимај од Гранада ја зеде наградата меѓу африканските фудбалери.

Шампионот Атлетико имаше шестмина номинирани играчи во сите категории – Тибо Куртоа, Фелипе Луис, Миранда, Габи, Коке и Диего Коста, но на крајот ниту еден од нив не доби награда.

Целосно заслужено, сепак Диего Симеоне беше избран за најдобар тренер, откако доведе „јорганџиите“ до нивната прва титула од 1996-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП