18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМажите заработуваат повеќе од жените во 30% од спортовите

Мажите заработуваат повеќе од жените во 30% од спортовите

pari mazi zeni333

Во 30 проценти од спортовите мажите заработуваат многу подобро од жените, покажува истражувањето на „БиБиСи“.

Најголемата разлика доаѓа во 6 спортови – фудбал, крикет, голф, пикадо, снукер и сквош. Кај нив победниците кај мажите заработуваат значително повеќе во однос на понежниот пол.

Пример светскиот шампион Германија за триумфот во Бразил ова лето заработи 22 милиони фунти, додека шампионот кај дамите Јапонија треба да се задоволи со само 630.000 фунти.

Во Лигата на шампионите пропорцијата е слична – 8.3 милиони за мажите наспроти 199.000 за жените.

„Постои огромна дупка, која треба да биде исполнета“, изјави британскиот министер за спорт Хелен Грант.

Според неа женскиот спорт е „возбудлив и може да собира голема маса на фанови, но има потреба од повеќе реклама и посериозни инвестиции“.

Во истражувањето биле вклучени 56 глобални спортови – во 25 од нив се плаќа подеднакво, а во 10 има разлика. Во 14 спортови, вклучувајќи го рагбито и хокејот на трева, нема наградни фондови, а 5 не дале информации за износите кои ги даваат.

Меѓу примерите за еднаквост спаѓаат атлетика, одбојка, уметничко лизгање, пукањето, тенисот, како и маратон. При овие спортови наградните фондови биле изедначени пред повеќе од 10 години. Во изминатата деценија кон оваа група се приклучиле теквондото, сурфање на ветер, едрењето, нуркањето, како и некои велосипедски трки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП