7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочнува новата сезона во НБА лигата

Почнува новата сезона во НБА лигата

nba

Со трите натпревари кои се играат вечерва стартува новата 69.та сезона во НБА лигата.

Титулата ја брани тимот на Сан Антонио, кој првиот дуел ќе го има со Далас.

Покрај овој натпревар вечерва играати: Њу Орлеанс – Орландо и ЛА Лејкрес – Хјустон.

Во новата сезона се очекува еден од конкурентите за титулата да биде и тимот на Кливленд, кој во своите редови го врати Леброн Џејмс, а како засилување дојде и Кевин Лав.

Секако не треба да се заборави дека дресот на Кливленд го носи и најдобриот играч од Светското првенство од Шпанија Кајри Ирвинг.

Сезонава враќање на теренот ќе направи и ѕвездата на ЛА Лејкерс Коби Брајант.

Втора година по ред во дресот на Атланта ќе настапува и македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Амбициите на оваа екипа се повторно да се избори место во плеј-офот. Атланта првиот натпревар ќе го игра утревечер на теренот на Торонто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП