17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари и Алонсо се спорат за 50 милиони долари

Ферари и Алонсо се спорат за 50 милиони долари

alonso zaminuvanje

Недостатокот на било какви официјални информации за пилотите на Ферари за 2015-та година и иднината на Фернандо Алонсо се должи на неодреден финансиски однос меѓу двете страни.

Според шпанскиот весник „Марка“, тимот од Маранело треба да му плати на двократниот светски шампион 50 милиони долари компензација за остатокот од неговиот договор, за тој да ослободи место за Себастијан Фетел.

Информациите целосно ја потврдуваат тезата за која пишуваше и списание „ClubS1“ во последниот број, дека потпишани документи меѓу Алонсо и Ферари за раскинување на договорот изгледа нема, а на Сузука имало спор меѓу пилотот и шеф на тимот Марко Матиачи.

Раното откривање за заминувањето на Фетел од Ред Бул очигледно има силно влијание на преговорите на другите учесници во трансфер преговорите, но и покрај тоа четирикратниот светски шампион најверојатно ќе биде прогласен за пилот на Ферари до Големата Награда на САД, која е на крајот на неделата.

Името на Алонсо се поврзува најчесто со Мекларен, а се тврди дека Хонда е подготвена да плати колку што е потребно за да го привлечат во Вокинг. Рон Денис, сепак сакал Шпанецот да склучи тригодишен договор, додека самиот Фернандо барал опција да потпише само за година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП