11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилетите за финалето од „Дејвис Куп“ продадени за 50 минути

Билетите за финалето од „Дејвис Куп“ продадени за 50 минути

fedex vavrinka

Пред една недела, Рафаел Надал изјави дека „Дејвис Купот“ ја изгубил својата вредност, но очигледно доста фанови на тенисот не се согласуваат со ова тврдење, бидејќи билетите за финалето Франција – Швајцарија се распродадоа за 50 минути.

Арената на фудбалски клуб Лил – „Stade Pierre-Mauroy“, ќе биде домаќин на пресметките кои се на програмата од 21-ви до 23-ти ноември, а организаторите обезбедија место на трибините за 27.000 луѓе.

Од нив 11.000 билети беа ставени на слободна продажба, 8.000 се дадени се Француската тениска федерација, а останатите 8.000 ќе бидат распределени меѓу Швајцарската федерација, „ITF“ и спонзорите на турнирот.

Најевтиниот билет за натпреварите почнува од 30 евра, но според информации на француски медиуми, на „црниот“ пазар достигнуваат и до 830 евра.

За Швајцарците и лично за Роџер Федерер, влогот е огромен, бидејќи ова е прв финале за земјата по 22 години, а и трофејот од „Дејвис Купот“ е еден од исклучително ретките кои му недостигаат во витринините на Маестрото.

Финалниот судир против Франција ќе биде 13-та средба меѓу двата тима во турнирот, а предноста на Французите е огромна – 10 победи и 2 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП