28 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.10.2014

Дневен хороскоп 25.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате намера да се сретнете со некој кој се занимава со приватен бизнис или често патува во странство. Добро се согласувате со лицата родени во знакот на Овен, Близнаци, Лав или Девица. Oчекувате да се сретнете со некој кој можеби би можел да ви помогне во врска со некоја важна работа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Со Девиците би требало да соработувате само преку посредник. Можно е да им дадете некаков вид на гаранција дека ќе бидете нивна поддршка во некои важни проблеми. Обидете се да убедите некоја Водолија да го прифати вашето заедничко патување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се обидувате да ја охрабрите Вагата во врска со некоја нова работа и да ја убедите дека нема причина премногу да се нервира за некои неважни работи или помали проблеми, особено ако станува збор за пари кои има намера да ги потроши на непотребни нешта. Ќе добиете добра понуда во врска со работа за која сепак би требало да земете кредит.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Земјените знаци можат да ви бидат од корист но можат и на одреден начин да ви досадуваат со нивните проблеми. Прашање е колку имате нерви да се занимавате со туѓите проблеми, а вашите да останат нерешени. Имате голема подршка од некое лице постаро од вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Постојано ќе бидете иритирани и ќе се чувствувте непријатно во своја кожа, а сето тоа е поради силното влијание на Месечината и Сатурн на вашиот знак. Не верувате на секого, особено не на оние кои ветуваат дека ќе ви го исплатат долгот. Ќе постои можност за компензација, прифатете ја.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Како ќе поминува денот така вие ќе бидете се повеќе свесни дека треба да го промените однесувањето кон една Шкорпија или Рак бидејќи премногу барате и сте неприлагодлви. Ќе добиете повик да се сретнете со некои Близнаци. Вагата ќе ви го покаже нејзиното вистинско лице.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во процес сте каде не знаете како да го усогласите она што го мислите за некој и она што другите ви го кажуваат за истото лице. Можно е сепак да го послушате советот на една Шкорпија или Водолија. Со некој Овен нема да се согласувате и постои можност за кавга и напнати разговори. Некој Стрелец ќе ви подари одличен совет.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако некој Рак или Риби сакаат да бидат посредници во вашите деловни разговори со некој Јарец овозможете им ја таа прилика, но не се преоптеретувајте со нивните размислувања. Денот е тежок за соработка со некои стари лица од домот. Трудете се повеќе да ги решите финансиските проблеми кои му натежнале на вашето семејство.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не им замерувајте на пријателите ако немаат доволно добро изразена смисла за хумор. Имате можност за средба со некој кој долго време не сте го виделе. Некој Овен кој ви ветува нова работа, иако не му верувате, ќе го исполни ветувањето.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот е поволен за средби со пријателите. Најдете повеќе слободно време и поминете го со нив. Кај вас постои упорност да го наметнете своето мислење. Ќе добиете некоја награда или признание. На некој поранешен пријател му е многу важно со вас повторно да има добри контакти.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Добрите односи со семејството и блиските соработници во голема мера ќе ви ја олеснат ситуацијата во која се наоѓате. Некој кој живее во странство ќе ве повика да му бидете почесен гостин. Имате право да донесете одлука која на вас најмногу ви одговара, без оглед како другите ќе гледаат на тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате да играте на сигурно, а понудена ви е работа во која би требало малку да ризикувате. Со жените имате многу динамичен однос, без оглед на вашиот пол. Семејството ќе ви додели одлични совети, променете го мислењето и послушајте ги. Верувате во добрите намери на некој Јарец или Овен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП