2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов договор со двојна плата за Погба

Нов договор со двојна плата за Погба

pogba

Младиот полудефанзивец на Јувентус, Пол Погба потпиша нов договор со клубот, кој ќе го задржи во редовите на шампионот на Италија до 2019-та година.

Веста денеска ја соопшти извршниот директор на Јуве, Џузепе Марота на состанокот на менаџерскиот борд, а потоа следеше и потврда и на официјалната страна на клубот.

Францускиот репрезентативец стана еден од водечките халфови во Европа во последните две години, а во последно време се зборуваше за сериозен интерес за него од страна на ПСЖ, Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Сепак, раководството на „старата дама“ одлучи да ги отфрли желбите на другите клубови кон 21-годишниот фудбалер, така што го поврза со нов долгорочен договор.

На овој начин раководството на „бјанконерите“ може да бара огромна трансферна сума од кандидатите за потписот на фудбалерот веќе од следното лето.

Стариот договор на Французинот истекуваше во 2016-та година, што значи продолжување на сегашниот за уште 3 години. Се претпоставува дека платата на фудбалерот ќе се зголеми значително од 1,5 милиони евра, кои ги добива сега, на 4 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП