17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Матео го сака Торес во Шалке

Ди Матео го сака Торес во Шалке

tores milan 395

Германски Шалке подготвува план во јануарскиот преоден рок да го доведе Фернандо Торес, јавуваат медиумите во оваа земја.

Шпанскиот напаѓач во текот на летото си замина од Лондон, а со Милан се договори на двегодишна позајмица, до крајот на неговиот договор со Челзи.

Сепак, германски „Bild“ тврди дека Шалке сака да ја „расипе работата“ и на италијанскиот клуб да му го „украде“ Шпанецот.

Клубот од Гелзенкирхен од пред извесно време го предводи поранешниот менаџер на „сините“, Роберто ди Матео, а познато е дека двата клуба ги поврзува и пријателствата на раководните структури, но и руската врска.

Реномираниот германски медиум тврди дека Шалке ќе побара од своите англиски пријатели да ја стопираат позајмицата на Торес и да го продадат на будеслигашот во јануарскиот преоден рок, со оглед дека Ди Матео има голема желба да ја обнови соработката со фудбалерот кој го тренираше на „Стемфорд Бриџ“.

Инаку, Торес во Италија на пет средби постигна само еден гол и се шпекулира дека „росонерите“ ќе се согласат да ја прекинат позајмицата, доколку тој не се подобри до зимата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП