ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го посакува повредениот Озил

Сити го посакува повредениот Озил

Mesut-Ozil-Arsenal

Раководството на Манчестер Сити пројавува доста сериозен интерес за повредениот играч на Арсенал, Месут Озил, пренесуваат медиумите на Островот.

Се тврди дека лично менаџерот на тимот Мануел Пелегрини инсистира овој трансфер да се реализира. Блиски извори до клубот споделија дека Пелегрини сака да е подготвен со заменик на Јаја Туре, за кого се очекува дека ќе го напушти тимот.

Се уште не е познато колкава сума ќе посакаат „топџиите“ за поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, како и колку „граѓаните“ се подготвени да понудат. Се шпекулира дека од Сити подготвиле сума од 32 милиони фунти.

Да потсетиме дека Озил страда од тешка повреда на коленото, која ќе го остави надвор од терените во наредните 3 месеци.

Останува да се види за време на зимскиот преоден рок, дали овој трансфер ќе се реализира.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП