27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛапорта и соработниците oсудени да вратат десетици милиони

Лапорта и соработниците oсудени да вратат десетици милиони

laporta zoan

Поранешниот претседател на Барселона – Жоан Лапорта и уште седум лица, кои работеле со него, се осудени да вратат вкупно 23.24 милиони евра на Професионалната фудбалска лига во Шпанија.

Пресудата беше потврдена од Врховниот суд. Оние над 23 милиони се 15 проценти од одобрениот буџет на Барселона за сезоната 2006-2007.

Секој од вкупно осумте поранешни раководители ќе треба да плати по 2.9 милиони евра, како дел од казната за прикривање на дел од финансиските загуби од 2003-та година.

Акумулирани загуби на Барса во моментов се во износ од 63.80 милиони евра, а 23.24 милиони евра се од времето на управувањето на Лапорта.

Жоан Лапорта беше принуден да организира претседателски избори во текот на летото на 2006-та година, поради контрадикторното управување и финансиските загуби на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП