15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛегендарниот Раул не запира, се сели во Њујорк!

Легендарниот Раул не запира, се сели во Њујорк!

Bayern Muenchen - Doha Training Camp Day 2

Како што пренесуваат медиумите, Њујорк Космос и Раул Гонзалес договориле соработка, па легендата на Реал Мадрид ќе заигра во втората лига во САД.

Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите би требло во текот на неделава да отпатува во „Големото јаболко“ и да потпише договор кој ќе стартува во јануари 2015-та година.

Во меѓувреме, Раул ќе се грижи за младите категории во тимот од Њујорк, иако „кралскиот“ клуб неодамна му понуди функција на технички директор.

„NASL“ (Лигата на северна Америка) се состои од осум екипи од САД и две од Канада. Шампионот го освојува „Super Bowl“, но не и промоција во „MLS“, а исто така неможе да се испадне од оваа лига. Ваквиот систем е присутен во сите професионални лиги во САД.

Легендарниот Шпанец (37) на почетокот на октомври беше виден во тренинг центарот на Космос, кога одработи неколку тренинзи со своите идни соиграчи.

Раул, кој последниот натпревар го одигра во март за катарски Ал-Сад, играше 16 години за Реал Мадрид, освојувајќи за тоа време шест титули во Примера и три трофеи во Лигата на шампионите. За репрезентацијата на Шпанија настапи 102 пати и постигна 44 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП