21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM ќе плати за да се ослободи од одделот за производство на...

IBM ќе плати за да се ослободи од одделот за производство на чипови

ibm komp

Компанијата „IBM“ објави дека постигнала договор за продажба на своето одделение за производство на чипови, што е резултат на насочување на компанијата кон „enterprise“ пазарот.

Бидејќи станува збор за оддел кој предизвикува поголеми загуби отколку што вреди, „IBM“ се согласи да и плати на компанијата „GlobalFoundries“ 1.5 милијарди долари во следните неколку години, само да го превземат тој оддел. Инаку според објавените податоци, третиот квартал за „IBM“ беше разочарувачки.

Приходите од работењето изнесувале 22.4 милијарди долари, што е за 4 отсто помалку во однос на истиот период во 2013-та година.

Нето добивката во третиот квартал изнесувала 3.5 милијарди долари, што е пад од 17 проценти во однос на истиот квартал од минатата година, додека нето консолидираната добивка која вклучува нето загуба од 3.4 милијарди долари, изнесувала само 18 милиони долари.

Пред почетокот на тргувањето на акциите во понеделникот, хартиите од вредност на „IBM“ забележале пад од 7.5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП