28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКедира ќе ја заврши сезоната во Реал

Кедира ќе ја заврши сезоната во Реал

kedira 30

Светскиот шампион со составот на Германија од летото, Сами Кедира нема да го напушти сегашниот клуб, Реал Мадрид во зимскиот трансфер прозорец. Ова го откри тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.

Оваа изјава на Италијанецот беше предизвикана од секојдневните гласини низ шпанските и англиските медиуми дека халфот ќе премине во Арсенал во јануари. Ако има трансфер, тој сепак ќе се реализира во текот на летото.

Кедира беше на чекор од напуштање на „Сантијаго Бернабеу“ уште во август. Тогаш наместо со него, претседателот Флорентино Перес се раздели со Чаби Алонсо, кој премина во Баерн и така Германецот остана кај „кралевите“.

Инсинуациите за неговата иднина се зајакнуваат уште повеќе поради фактот дека раководството и така не успева да се договори со него за продолжување на договорот. Тој е врзан за уште една година и половина.

„Имаме време со Сами до јуни да се разбере за неговиот договор. Ако сака да остане кај нас, со задоволство ќе му обезбедиме услови за тоа. Ако не се договориме, во јуни тој ќе не напушти“, изјави Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП