4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоколку нешто не се промени, Ројс ќе си замине!

Доколку нешто не се промени, Ројс ќе си замине!

marce rojs 4

Проблемите во Дортмунд стануваат се поголеми. Марко Ројс и стави јасно до знаење на управата и тренерот дека доколку на тимот не му тргне на подобро и се приклучи во битката за титулата, тој повеќе нема да биде дел од него!

Дортмунд е во огромни проблеми. За време на викендот загубија уште еден натпревар, се наоѓаат во зоната за испаѓање, сценарио кој никој не го претпоставуваше пред само еден месец.

Клоп се обидуваше педагошки, се обидуваше и со поостар тон да ги мотивира своите играчи, засега ништо не функционира и прашање е дали Дортмунд ќе успее да се врати во врвот и барем да избори пласман во Лигата на шампионите. Токму тоа го загрижува и Марко Ројс, кој според пишувањето на „Bild“ јасно им ставил до знаење на луѓето во клубот, дека ако Борусија не и тргне веднаш, нема да можат повеќе да сметаат на него.

Борусија веќе некое време се обидува да потпише нов договор со Ројс, се чинеше дека Германецот ќе ги прифати условите, но ваквата форма на тимот значително ги менува работите.

Се очекува Ројс да не тргне по стапките на Гетце и Левандовски, туку да замине во Англија. Претходните месеци се споменуваа Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП