16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдес и натаму останува без ангажман

Валдес и натаму останува без ангажман

Victor Valdes, Barcelona goalkeeper

Ливерпул во своите редови нема да го доведе слободниот Виктор Валдес. Тоа го потврди менаџерот на клубот Брендан Роџерс во интервју за шпанскиот весник „АС“.

На прашањето дали смета да земе некакви шпански фудбалери во наредните месеци, стратегот одговори со „не“.

Поранешниот голман на Барселона се подготвува сам, откако ова лето замина од „Ноу Камп“. Во почетокот на октомври се појавија информации дека трансферот во Ливерпул е прашање на денови, но тоа така и не се случи.

Имаше гласини дека тој дури одбил пробен период. На крајот на оваа фаза, Валдес нема да застане на голот на Ливерпул.

Во пролетта, шпанскиот репрезентативец заработи тешка повреда по што пропадна неговиот трансфер во Монако.

Во моментов стартер на голот на „црвените“ врата е Симон Мињоле, а негова резерва е Бред Џонс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП