2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.10.2014

Дневен хороскоп 18.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Околу вас ќе владее тотален хаос и нервоза, вие на уникатен начин ќе се повлечете, така што неповолното влијание врз вас нема да остави последици. Ве очекува разговор со некој важен човек кој може да биде вашиот приклучок во деловниот свет. Советите кои ви ги дава семејството можеби се најпаметниот избор во моментов. Не се грижете за здравјето, можна е само мала настинка.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат поддршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислете ќе сватите колку многу има луѓе на кои искрено му сте важни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се со пониски цени.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот ќе го одбележат љубовни згоди и незгоди, при што од вас ќе се бара зголемена толеранција и подготвеност за компромис. Лекциите што ќе ги научите ќе ви помогнат подобро да ги разбирате другите и нивните мислења. Полесно ќе ги прифаќате емоционалните обврски и одговорности.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Љубовниот живот ќе се најде во сенката на професионалните обврски. Нема да се заљубите, ниту ќе барате нова љубовна прилика. На површината ќе се појават долго потиснати проблеми, така што ќе ви помине поголем дел од денот во „големо љубовно чистење” и усогласување на ставовите .

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосфера каде целосно ќе се опуштите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живо

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сакате да правите компромис со оние кои не ви одговараат по многу работи, особено по нивните размислувања, во начинот на распределба на добивката во заедничката работа.Не сакате да им се приближите на оние кои се задолжени да ве критикуваат без причина.Сепак, према многумина сте и повеќе од фер.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Одлично ќе го поминете целиот ден, ќе си ги исполните обврските и во попладневните часови опуштено ќе уживате во друштво на семејството и пријателите. Ќе бидете во центарот на вниманието и ќе успеете да ги насмеете дури и оние кои се тажни. Вашата позитивна енергија ќе ја почувствува секој.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба, продолжете така. Здравствената состојба е солидна, можно е да се појави мала настинка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП