1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ добија база вредна 200 милиони фунти

„Граѓаните“ добија база вредна 200 милиони фунти

siti centar

Ѕвездите на Манчестер Сити ќе станат првите играчи во Премиер лигата кои ќе спијат во својот тренинг центар пред превенствените средби на тимот. Таква можност им дава новиот ултрамодерен тренинг комплекс на клубот – „Етихад Кампус“.

Како што е јасно и од името, оваа база се наоѓа во непосредна близина на стадионот на Манчестер Сити. Комплексот е со вредност од 200 милиони фунти и сигурно може да се потврди дека тој ќе биде сметан за еден од најдобрите, а можеби и најдобар.

Базата располага со 16 игралишта, а нејзиниот хотелски дел ќе и овозможи на екипата да ноќева во кампусот ноќта пред домашните натпревари. Досега „граѓаните“ тоа го правеа во хотелот „Хилтон“.

Играчите на Сити, сепак нема да можат да го користат објектот уште вечерва – за пред утрешниот дуел со Тотенхем. Причината за тоа е дека се уште се финишираат последните работи во комплексот. Се очекува за прв пат тимот да го користи хотелскиот дел пред дербито со лутиот градски ривал кое е на програмата на 2-ри ноември. Во текот на неделата играчите ја направија прва турнеја на „Етихад Кампус“ и останаа фасцинирани од новата база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП