5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорака до „кралевите“ - Нов договор за Де Геа!

Порака до „кралевите“ – Нов договор за Де Геа!

davidco 3 de gea

Манчестер Јунајтед во шпанскиот голман ја гледа својата сегашност и иднина, па интересот на Реал Мадрид не поколеба никого.

Давид де Геа се наоѓа во одлична форма, по една сезона кога прикажуваше променливи игри, Шпанецот во целост се навикна на својата околина, покажувајќи ја својата магија поради која беше доведен.

По средбата со Евертон во која со своите раце го спаси целиот тим, Де Геа се почесто го поврзуваат со Реал Мадрид.

Сепак, „ѓаволите“ нема да се поколебаат, па јасна е намерата на раководството да го задржи младиот голман што подолго во клубот, затоа што тој е доведен како инвестицијата за годините, декадите кои доаѓаат.

Со поради тоа, реакцијата беше итна и ќе биде потпишан нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Информациите од Англија јавуваат дека Де Геа ќе потпише, нов петгодишен договор со својот клуб, според кој неделно ќе заработува 120.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП