16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен концептниот модел Volkswagen Fox Pepper (фото)

Претставен концептниот модел Volkswagen Fox Pepper (фото)

fox paper

„Volkswagen“ го претстави концептот „Fox Pepper“ чие официјално деби се очекува за време на одржувањето на саемот во Сао Паоло во Бразил.

„Fox Pepper“ може да се пофали со „Red Tornado“ боја на екстериерот, како и новиот преден браник. Концептот го одликува и маска во форма на саќе, покрив со црна боја и 15 инчни алуминиумски тркала.

fox paper1

Фотографиите од внатрешноста се уште не се објавени, но од „Volkswagen“ велат дека кабината ќе ја карактеризираат кожни навлаки во две бои, црвени отвори за воздух, како и „Fox Pepper“ ознаки. Концептот нуди и забавно-информативен систем кој подразбира 5.5 инчен екран и „GPS“ навигација.

За моќта е задолжен 1.6 литарски мотор кој развива до 120 ks излезна моќ кога вози на етанол. За забрзување до 100 km/h на овој модел му е потребно 9.8 секунди, додека максималната брзина која може да ја развие е 189 km/h.

fox paper2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП