Матс Хумелс би можел да стане „топџија“ веќе следното лето.
Германскиот репрезентативец најверојатно го променил мислењето и би можел да побара нов предизвик во следната сезона.
„Милионерите“ се надеваат дека ќе го убедат да остане, но Арсенал е цврсто решен да го одврзе ќесето и да ја засили одбраната.
Германецот би бил идеално засилување за „топџиите“ кои со години имаат хронични проблеми во одбраната.
Покрај тоа, во Лондон ќе го пречекаат неколку негови сонародници, па така ќе му се олесни адаптацијата.
Според проценките, во трката се вклучил и Манчестер Јунајтед, а цената на стандардниот штопер на „милионерите“ би можела да биде и поголема од 30 милиони евра.