2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПартнерство на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со Спортскиот клуб „Вардар“

Партнерство на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со Спортскиот клуб „Вардар“

tele

На денешната заедничка прес-конференција, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и спортскиот клуб „Вардар“ го официјализираа договорот за партнерство.

Со свеченото потпишување на договорот, играчите на трите клуба– машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“и Фудбалскиот клуб„Вардар“ ќе го носат знакот на светски реномираниотбренд.

telvarda

Задоволството од соработката со клубот „Вардар“, го изрази главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски, истакнувајќи дека поддршкатаќе биде присутна на сите настапи на домашните и странски лиги на клубовите на Вардар.„Наша заедничка цел е да  овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати“ истакна г. Луковски.

telvar

„Заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отвораме нови страници за Спортскиот клуб Вардар. Поддршката на  брендот кој е препознатлив насекаде во светот ќе ни даде дополнителен поттик за успех, како на домашните така и на странските терени“ истакна извршниот директор на ракометните клубови – г. Давор Стојаноски.

telvardar

„Фудбалскиот клуб „Вардар“ уште од 1947 година го понесе името Вардар и го врежа во историјата на македонскиот спорт. Пред него претстои нова иднина, многу натпревари пред домашната и интернационалната публика“ – истакна г. Самоил Симев –извршен директор на Фудбалскиот клуб „Вардар“.

telvartem

На настанот беа присутни претставници на играчите на трите спортски клуба на Вардар, а воедно беа најавени и следните спортски настапи на клубовите на Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП