ИНТЕРЕСНО

Дел Боске го најави своето повлекување како селектор

DelBosqueCosta

Селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске најави дека ќе го напушти кормилото на репрезентацијата по европското првенство во Франција 2016-та.

Актуелниот договор на Дел Боске истекува во 2016-та година.

„Сигурно нема да го продолжам договорот. Во секој случај, кога ќе пристигнеме во Франција, ќе видиме. Теоретски, тоа е мојата цел засега“, вели селекторот на „црвената фурија“.

Дел Боске, кој во декември ќе полни 64 години, беше избран за селектор во јули 2008-ма, откако Шпанија го ја освои титулата првак на Европа.

Тој со Шпанија потоа стана светски првак во Јужна Африка во 2010-та, а исто така и шампион на Европа во 2012-та година.

Шпанија на последниот Мундијал во Бразил доживеа фијаско, поради тоа што го заврши натпреварувањето уште во групната фаза. „Црвената фурија“ моментално го дели второто место во Групата Ц за квалификациите за ЕП, со еден пораз против Словачка, и две победи против Луксембург и Македонија.