Играчот на Арсенал, Месут Озил сака да го напушти тимот во јануари и клубот е подготвен да ја задоволи неговата желба, објави „Дејли мејл“.
Според изданието, Германецот е доста незадоволен од критиките кои ги добива, како и од тоа дека не е употребен на омилената позиција во напад од Арсен Венгер, па често игра на крило.
Францускиот менаџер не запира да го брани фудбалерот и да тврди дека тој останува суштински дел од тимот, но информациите за евентуална разделба се зајакнуваат.
Неодамна се појави гласина дека во текот на летото Арсенал ја одбил понудата од Баерн за играчот, но сега од Минхен се подготвени да направат нов обид да го привлечат.
Германскиот шампион е подготвен да понуди 30 милиони фунти за Озил, но со оглед на фактот дека за него Арсенал плати 42.5 милиони на Реал, Англичаните ќе се обидат да извлечат повеќе пари.
Во моментов полудефанзивецот се опоравува од повредата која ќе го извади од игра до крајот на календарската година, но може да се покаже дека Месут го одиграл последниот дуел за „топџиите“.