28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУспешна финансиска година за Баерн Минхен

Успешна финансиска година за Баерн Минхен

baern minhen ekipa ee

Баерн Минхен регистрирше рекордни приходи во историјата, завршувајќи ја финансиската 2013/14 година со обрт од 528 милиони евра.

Така Баварците за прв ја минуваат симболичната бариера од половина милијарда евра. Нешто што неодамна го направи и шпанскиот гигант Барселона, чиј приход е 530 милиони евра.

За споредба рекордот го држи европскиот првак Реал Мадрид со 604 милиони евра, а приходите на Манчестер Јунајтед се 551 милиони евра.

Профитот на Баерн изнесува 16.5 милиони евра, а иднината за најдобриот стабилен финансиски клуб во светот изгледа уште повеќе розова, бидејќи по стапувањето на концернот „Алијанц“ како акционер со удел од 8.33%, стадион „Алијанц Арена“ (340 милиони евра) е веќе целосно отплатен.

Според планот Баерн мораше да го плати стадионот за 25 години, но го направи тоа за само десет години, благодарение на финансиската инјекција од „Алијанц“ во вредност од 110 милиони евра.

Баерн постави клупски рекорд и по продадени дресови – 1.2 милиони парчиња. Повеќе од сите други клубови во Бундеслигата земени заедно. Од малопродажбата, приходите на „баварците“ се 105 милиони евра или за 22.2 милиони евра повеќе од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП