20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот модел на Acura ќе се натпреварува со Ferrari (фото)

Новиот модел на Acura ќе се натпреварува со Ferrari (фото)

nsx

Моделот „NSX“ на „Acura“ е култен за обожавателите на спортски автомобили уште од своето деби пред повеќе од две децении.

Производството на оригиналниот „NSX“ беше стопирано во 2006-та година, а „Acura“ и нејзината матична компанија „Honda“ ги дразнат обожавателите на возилото со концептуални верзии и детали околу неговата претстојна замена.

nsx1

Во интервју за „WhatCar“ шефот на проектот „NSX“, Тед Клаус, изјави дека суперавтомобилот ќе се појави во 2016-та година. Уште поинтересно е дека Клаус планира тој да се натпреварува со карактеристиките на „Ferrari 458“.

„Ferrari 458“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 3 секунди и постигнува максимална брзина од 320 км/ч. Ако „NSX“ располага со слични показатели, тогаш ќе може да се најде меѓу суперавтомобилите.

nsx2

Веќе со години се слушаат гласини за „V8“ и дури „V10“ мотор за „NSX“. Според последните податоци од „Acura“, сепак моторот најверојатно ќе е 6-цилиндричен хибрид. Она што е уште поубаво е дека од „Acura“ немаат намера да ги бркаат цените на „Ferrari“.

Компанијата сака да го продава новиот „NSX“ во ист ценовен опсег како „Audi R8“, модел кој се продава за околу 115.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП