22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако повторно го посакува Руни

Монако повторно го посакува Руни

vejn runi22

Монако ќе го обнови обидот да го привлече напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, тврдат медиумите на „Островот“.

Потпретседателот на Монако, Вадим Василиев, десната рака на сопственикот Дмитриј Риболовлев, даде јасни сигнали за својата желба да потпише со англискиот репрезентативец само неколку месеци по продолжувањето на неговиот договор со „црвените ѓаволи“. Во моментов Руни добива 300.000 фунти неделно.

„Пред една година разговарав со еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, еден врвен играч. Но, тоа беше на масата. Можноста да се реализира трансферот не се оствари, но мислам дека еден ден ќе се случи“, коментира Василиев.

Се проценува дека Монако бил активен во обидот да го привлече Руни минатата година, така што му нуделе плата ослободена од даноци. Напаѓачот сепак одбил, а во февруари потпиша нов договор за 5.5 години.

Во ова лето сепак амбициите на Монако да стане европска сила добија удар како резултат на разделбата со Фалкао, кој е позајмен играч во редовите на Манчестер јунајтед“, а и го продаде Хамес Родригез на Реал Мадрид.

„Нашите амбиции се евентуално да ја освоиме титулата во Франција. Тоа е вистина. Не би дал временска рамка, но би сакале да го направиме што е можно порано. Сакаме да сме еден од клубовите кои редовно играат во Лигата на Шампионите. Мислам дека можеме да играме важна улога во Европа“, рече Василиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП