24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Tristar: Светска премиера на специјализираниот саем за комерцијални возила (фото)

Volkswagen Tristar: Светска премиера на специјализираниот саем за комерцијални возила (фото)

Autodesk VRED Professional 2014 SR1-SP7

Мултифункционален како швајцарски војнички нож. Повеќенаменски, доверлив и прилагодлив на сите терени: брендот „Volkswagen“ – Комерцијални возила го претставува „TriStar“ по повод 30-годишнината од првиот „Syncro“ концепт.

Моделот ги комбинира сите добри карактеристики на сегашниот „Transporter“ со екстремни „off-road“ способности и со флексибилниот товарен простор кој го прави „Tristar“ одлично сервисно возило, за транспорт по ваша мерка.

Autodesk VRED Professional 2014 SR1-SP7

„Transporter“ на иднината. На специјализираниот саем за комерцијални возила, брендот  „Volkswagen“ – Комерцијални возила го претстави концептот возило со  легендарно име „TriStar“. Мускулест пикап со проширена кабина, стилски бар и кратко меѓуоскино растојание со постојан погон на сите четири тркала, механичка блокада на диференцијалот на задната оска и со поголемо растојание од подлогата за 30 мм.

Соодветно на неговото име, дизајнерите креираа возило со висока прецизност и со нов дизајнерски израз: остри завршни линии, „LED“ светла и моќен и широк изглед. Контролната табла потсетува во формата и едноставната функционалност на претходните модели на „Volkswagen Transporter“.

Autodesk VRED Professional 2014 SR1-SP7

Товарот може да се дистрибуира на две одделни нивоа: подлогата е обложена со церада која е водоотпорна, а во товарниот простор е сместено и резервното тркало. Во внатрешноста има 20-инчна инструмент табла и систем за видео конференции направен според последниот збор на техниката, како и аудио систем прилагодлив за возачот и за патниците совршен за состаноци во движење. Дури во возилото има инсталирано и еспресо машина.

Со своите екстремни „off-road“ карактеристики и флексибилен товарен простор, „Tristar“ е мобилна работилница и хај-тек канцеларија.  Безбеден, високо квалитетен и флексибилен, новиот „Volkswagen Tristar“ е хармонична алатка за секој корисник. Без разлика дали сте архитект, градежник, филмски режисер, трговец или учесник на експедиција. Возилото е по ваша мерка.

TRISTAR_Interior_01

Карактер: „Transporter“ од иднината, специјалист за сите патишта. Најдобар за вашиот бизнис.

Димензии: Должина 4,788 mm; ширина 2.320 мм; висина 2066 мм; (30 mm дополнително зголемено растојание од подлогата).

Погонски систем: Постојан погон на сите тркала 4MOTION, механичка блокада на диференцијалот на задната оска. Алуминиумски тркала „Rocadura” со димензии 245/70 R17.

Мотори: 2,0 l TDI 150 kW, 450 Nm, 150 kW при 4000 вртежи во минута, 450 Nm при 1400 вртежи во минута. 7-степен DSG автоматски менувач и максимална брзина 185 km/h. Забрзува од 0 до 80 km/h за 6,7 секунди, а од 0 до 100 km/h за 10 секунди.

Autodesk VRED Professional 2014 SR1-SP7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП