ПочетнаИНТЕРЕСНОСуперкупот на Италија ќе се одигра во Доха

Суперкупот на Италија ќе се одигра во Доха

super kup italija

Натпреварот кој ќе го одреди носителот на Суперкупот на Италија, ќе се одигра во Катар. Ова го објави директорот на „Серија А“, Маурицио Берета. Средбата е закажата во пресрет на католички Божиќ, поточно на 22-ри декември.

За овој пехар ќе се соочат шампионот Јувентус и носителот на Купот на Италија од минатата сезона Наполи. Веста беше објавена во Париз во присуство и на претседателот на катарската федерација Сауд ал Моханади.

Првично беше најавено дека натпреварот ќе се одигра во Милано на „Сан Сиро“ на 23-ти декември. Официјално арапската страна предложила поволни финансиски услови за да може натпреварот да се одигра во Доха. Договорот е само за оваа година.

За Италијанската федерација не е преседан да ја дава организацијата на овој натпревар во други земји. Во 2009-та, 2011-та и 2012-та година домаќини беа Либија, САД и Кина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП