14 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ ќе создава навика кај најмладите за одење на спортски натпревари

ФФМ ќе создава навика кај најмладите за одење на спортски натпревари

uip

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) овозможува бесплатен влез за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории за натпреварот Македонија – Луксембург кој ќе се одигра на 9 октомври во Скопје.

Децата можат да дојдат на натпревар заедно со родител или старател, а потребно е само да покажат ученичка книшка на билетарата на арената „Филип Втори“ или на инфо пултот во „Skopje City Mall“ и да го подигнат бесплатно својот билет.

– Целта на оваа активност е создавање навика кај најмладите за одење на спортски натпревари од рани години, со цел уште повеќе да го засакаат фудбалот и да можат своите идоли од поблиску да ги гледаат. Преку спортот децата на еден здрав начин се дружат, создаваат здрави навики, се натпреваруваат меѓу себе и се подготвуваат за светот на возрасните. А, секој спортист и тим кој ги брани боите на својата држава, кој придонесува за афирмација на својата татковина, кој го обединува народот и наметнува победнички
менталитет заслужува поддршка, изјави Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

Од ФФМ ги повикуваат македонските навивачи во што поголем број да ја исполнат Аренат „Филип Втори“ и да и помогнат на Македонија во обидот да дојде до првите бодови во квалификациски циклус Еуро 2016.

– Репрезентацијата отсекогаш била сцената на која македонците го потврдувале талентот и квалитетот, но без помош од нацијата, без поддршка од народот, нема да успееме. Полните трибини и еуфоријата пред и за време на натпреварите се наша голема победа, истакнуваат од ФФМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП