24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрција може да помогне да се реши енергетската несигурност во ЕУ

Грција може да помогне да се реши енергетската несигурност во ЕУ

20130225-222925.jpg

Грција може да помогне во решавањето на европската енергетска несигурност со помош на неискористени ресурси, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас.

– Грција може да има клучна улога во намалување на европската несигурност во снабдување со енергија, изјави Самарас на меѓународната конференција за енергетика одржана во Атина.

Грција се надева дека во следните 15 години може да привлече неколку милијарди евра, благодарение на подморски нафтени наоѓалишта во Јонското Море и во близина на Крит. Проценките се дека во заливот Патрас има околу 200 милиони барели нафта додека во близина на Јанина меѓу 50 и 80 милиони барели нафта.Грција лани ангажираше норвешка компанија за да спроведе сеизмички истражувања во Јонското Море и јужно од Крит во потрага по нафта и природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП