Напаѓачот Даниел Стариџ го обнови договорот со Ливерпул за период од пет години.
25-годишниот англиски репрезентативец беше награден за одличното претставување во минатата сезона на „Енфилд“.
Ливерпул го доведе Стариџ од Челзи во зимата 2013-та година за сума од 12 милиони фунти. Тој во дресот на „црвените“ настапи на 52 натпревари, а притоа постигна 36 гола.
„Ова е голем ден во мојата кариера. Благодарен сум од можноста која ми ја дава клубот. Тука сите се однесуваат одлично со мене – навивачите, вработените, управата и играчите. Решението ми беше многу лесно“, рече Даниел Стариџ.
„Daily Mail“ откри дека платата на 25-годишниот голгетер ќе биде 150.000 фунти неделно.